Сиднеј го има најдоброто кафуле во светот, „Tob’s Estate“, објави Си-Ен-Ен, додавајќи дека австралискиот град го победи повеќегодишниот ривал Мелбурн за првото место.
На второто место е кафуле од Арканзас, САД, на третото од Виена, на четвртото од Мелбурн и на петтото место е кафуле во Осло. Во првите 10 кафулиња има и локали од Сингапур, Франција, Малезија и Колумбија.
Кафулињата низ светот беа оценувани според различни критериуми, како квалитетот на кафето и храната, практиките за одржливост и услугите, според веб-страницата „100-те најдобри кафулиња во светот“.
„Ние сме долго време во бизнисот со кафе и знаеме дека она што го правиме е неверојатно и се трудиме да бидеме доследни и да бидеме препознати и затоа ова признание е едноставно неверојатно“, рече Џоди Лесли, генерална менаџерка на кафулето во Сиднеј .