Свинското месо е симбол на напредок во многу култури бидејќи свињата секогаш ја турка својата муцка напред додека бара храна. Во Германија и Австрија традиционално се служи печено свинско месо или колбаси, често со кисела зелка, која го симболизира богатството.
Во многу европски земји, како Полска и Португалија, рибата е незаменлив дел од новогодишната вечера. Се смета дека крлушките од рибата симболизираат монети, а способноста на рибата да плива напред симболизира напредок и иден успех.
Во Шпанија, пак, постои традиција да се јадат 12 зрна грозје на полноќ, по едно за секој месец од годината. Оваа традиција се прошири и во соседните земји, а во 2023 социјалните мрежи беа преполни со видеа на луѓе кои јадат 12 зрна грозје на полноќ за среќна година.
Во Грција се подготвува василопита во која се крие паричка. Кој ќе ја најде во своето парче, се верува дека ќе има среќа во текот на целата година. Кај нас ова е традиција на Бадник и Василица. Друга грчка традиција се поврзува со калинките, кои претставуваат изобилство. Популарно е да се ставаат семки од калинка во коктели.
Во азиските земји долгите тестенини симболизираат долг живот и просперитет, додека мандарини и портокали се даваат за среќа и богатство.