По 18 месеци затвореност, најголемиот бразилски град Сао Пауло повторно дише, делумно благодарение на отворените заеднички работни простори, при што вработените се преселија од канцеларии на покриви и тераси.

„Четириесет проценти од бизнисите во ‘GoWork‘ се конвенционални: адвокати, консултанти, ревизори“, вели Фернандо Ботура, сопственикот на „GoWork“, кој поседува 14 простори со вкупна површина од 32.000 квадратни метри.

(Фото: АФП)

Во Сао Пауло денес има околу 200 заеднички работни простори, од кои сè повеќе и повеќе се наоѓаат на покриви.

„Веќе нема смисла да се изнајмува канцеларија“, смета Ботура.

Во целиот Бразил, колективните работни простори шесткратно се зголемија меѓу 2015 и 2019 година и сега ги има околу 1.500. Во Сао Пауло, „плажи“ со чадори за сонце се поставени на тераси и покриви, некогаш веднаш до кафулиња и спортски терени.

(Фото: АФП)

„B2Mamy“ е семејно настроен колективен работен простор од 500 квадрати, каде што децата трчаат меѓу масите додека нивните родители учествуваат на видеоконференции на своите лаптопи.

„Имаме простори и за возрасни и за деца, центар за иновации. Имаме дури и чувари за деца и сето тоа за 180 долари годишно“, вели Даниели Жунко, основачот на „B2Mamy“.