Седмото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ (Книжевни ѕвезди) почнува денеска во Младински културен центар (МКЦ) и ќе трае до 15 октомври.

„Под слоганот ‘Genresis’, Фестивалот оваа година ги поставува прашањата: Дали ковид-19 е најопипливата апокалиптична форма на цивилизацијата досега? Вител во кој ќе исчезнуваме, дел по дел? И како литературата ќе го најде своето место во овие застрашувачки моменти?“, вели организаторот, издавачката куќа „Антолог“.

Во Скопје ќе бидат претставени девет автори: Катарина Винклер (Австрија), Влада Урошевиќ (Македонија), Огнен Спахиќ (Црна Гора), Сјон (Исланд),  Миодраг Мајиќ (Србија), Балсор Хоџа (Косово), Марина Вујчиќ (Хрватска), Софија Лундбеј (Шведска) и Михаела Гашпар (Хрватска).