ЖЕНИТЕ КОИ СЕ НА МЕДИТЕРАНСКА ИСХРАНА ИМААТ ПОМАЛ РИЗИК ОД БОЛЕСТИ И СМРТНОСТ, ПОКАЖА АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

САД, (Си-Ен-Ен)

Жените кои се подолг период на медитеранска исхрана живееле многу подолго од оние кои не ја применувале, покажа новото истражување кое следело повеќе од 25.000 жени во текот на 25 години.

„Нашата студија покажува дека следењето на медитеранската шема на исхрана може да резултира со околу една четвртина намалување на ризикот од смрт. Исто така, таа е природен борец против ракот и за кардиоваскуларните болести смртност“, вели кардилогот д-р Самиа Мора, професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард во Бостон.
Медитеранската диета се карактеризира со едноставно готвење базирано на растително потекло, а оброците се состојат од овошје и зеленчук, цели зрна, грав и семки, неколку јаткасти плодови и маслиново масло. Мастите освен маслиновото масло, како што е путерот, се јадат ретко, а шеќерот и рафинираната храна треба да се избегнуваат.

Не треба да се претерува со црвеното месо. Препорачливо е да се јаде здрава, мрсна риба, која е полна со омега-3 масни киселини, додека јајцата, млечните производи и живината се јадат во многу помали порции отколку во традиционалната западна исхрана.

„Во оваа студија, оние кои најмногу се придржуваа јадеа повеќе мешунки, зеленчук, овошје, помалку месо и помалку преработено месо“, рече д-р Дејвид Кац, специјалист за превентивна медицина

„Заклучивме дека висококвалитетната исхрана навистина е со помал ризик од смрт“, рече Кац.

 

Фото: Гети