11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ГО ОСВОИ ДРЕЈК СО СВОЈОТ ТАНЦ ДОБИ НОВО СРЦЕ

Чикаго, (АП)

Единаесетгодишно девојче од Чикаго доби ново срце, неколку дена откако во болница ја посети канадската музичка ѕвезда Дрејк.

Тој решил да ја посети малата Софија Санчес, откако на интернет видел видео во кое таа танцува во болницата на еден од неговите хитови. Видеото со голема брзина се прошири на социјалните мрежи во знак на поддршка за Софија и Дрејк ѝ дојде во посета на 20 август, токму на денот кога го славеше 11. роденден.

Трансплантацијата траела девет часа и хирургот Карл Бакер изјави за АП дека операцијата поминала добро, но и дека првите 48 часа се секогаш критични. Санчес и претходно била подложена на операција на срцето.

Во неделата, Софија објави видео на Фејсбук, во кое ги кажа своите роденденски желби.

„Првата беше да го запознам Дрејк и тоа ми се оствари и беше одлично. Втората желба е да имам ново срце и тоа ќе се случи наскоро“.