99-ГОДИШНИК ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СОБРА 25 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Деведесет и деветгодишен ветеран на Втората светска војна за една недела собра 25 милиони фунти за британските здравствени работници, иако првичната цел му била само 1.000 фунти.

Капетанот Том Мур стана вистинска ѕвезда откако го комплетираше предизвикот да изоди 100 кругови во својата градина, што беше проследено со кампања на страницата за донации „JustGiving“. Тој го помина последниот 25-метарски круг во четвртокот, 14 дена пред својот 100. роденден, кога на контото на кампањата имаше 12,2 милиона фунти, но донации не престанаа да доаѓаат.

„Сѐ уште сум вчудовиден од количеството на добрина и дарежливост на луѓето, кои и натаму донираат. Мислам дека ова покажува колку многу ги цениме посветеноста и жртвата на здравствените работници. Сум се борел во војна и тие сега исто така се борат во војна“, изјави Мур.