Тејлор Свифт и Тревис Келси донираа 26 милиони долари на добротворни организации оваа недела пред нивната свадба во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
Донациите биле распределени на 20 локални и национални организации, според публицистот на Свифт. Тој не ја спомна свадба, која треба да се одржи денеска, но во изминатите денови можеа да се видат повеќе камиони пред салата од кои се истоваруваше опрема.
Американските медиуми објавија дека на свадбата ѝ претходеше пробна вечера со околу 100 гости, додека на главниот настан се очекуваат 1.000 луѓе. На нив наводно нема да им биде дозволено да ги имаат своите телефони.
Свифт и Келси ја објавија својата свршувачка на Инстаграм минатиот август, поттикнувајќи широки шпекулации за можните локации на нивната свадба.
(Фото: АП)