Денеска (21 април) од 20 часот, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи донаторски концерт на младите музичари од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип.
Според директорот Илија Ќосевски, средствата од влезниците по цена од 300 денари, како и од донациите, ќе бидат наменети за реставрација на музичките кабинети и за набавка на нови инструменти, пред сè, за учениците од нижото музичко образование.
Ќе настапат ученици заедно со нивните ментори, придружувани од народниот и симфонискиот оркестар и хорот на училиштето, кои ќе изведат преработки на македонски народни песни. Специјален гостин ќе биде познатиот музичар Драган Даутовски, чии композиции исто така ќе бидат дел од програмата.
Т. ЈОВАНОВСКИ