АДЕЛ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА РАЗВОД И МОЖЕ ДА ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ОД БОГАТСТВОТО ОД 140 МИЛИОНИ ФУНТИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)
LOS ANGELES, CA - FEBRUARY 12: Singer-songwriter Adele (L) and Simon Konecki during The 59th GRAMMY Awards at STAPLES Center on February 12, 2017 in Los Angeles, California. (Photo by Lester Cohen/Getty Images for NARAS)

Британската поп ѕвезда Адел поднесе барање за развод во суд во Калифорнија, кадешто од 2016 година живееше со сопругот Сајмон Копеки.

Претставник на пејачката изјави дека „двојката е посветена заеднички да се грижи за синот со многу љубов“.

Адел го роди синот Анџело во 2012, а четири години подоцна се омажи за Копеки по пет години врска. Тие во април годинава објавија дека се разделуваат. Бидејќи барањето за развод е поднесено во САД, а двајцата наводно немаат потпишано предбрачен договор, Копеки би можел да добие половина од богатството на Адел, кое лани беше проценето на 140 милиони фунти.

Адел го издаде својот последен албум во 2015 и тој се продаде во рекордни 800.000 примероци во првата недела и потоа стана најпродаван албум на годината. Засега нема најави за нејзиниот нов албум.