АКТЕРИТЕ АЛИСИЈА ВИКАНДЕР И МАЈКЛ ФАСБЕНДЕР ГО ДОБИЈА ВТОРОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Пипл)

Оскаровката Алисија Викандер објави дека го добила второто дете со британскиот актер Мајкл Фасбендер. Во интервјуто за списанието „Ел“, 35-годишната Швеѓанка кажа дека втората бременост ѝ била потешко искуство.

„Сите жени имаат такви тешки искуства и можам да кажам дека она низ што поминав вториот пат беше потешко за мене. Минувањето низ тие девет месеци е како маратон, физички е исцрпувачки и им се восхитувам на сите жени кои поминале низ тоа. Се породив четирипати на филм пред вистински да го направам тоа и секој пат се чувствував како измамник“, изјави Викандер.

Викандер и Фасбендер се венчаа во 2017, а во 2021 добија син.

(Фото: Гети)