АКТЕРКАТА КАМЕРОН ДИЈАЗ И МУЗИЧАРОТ БЕНЏИ МАДЕН ГО ДОБИЈА ВТОРОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Камерон Дијаз и Бенџи Маден го проширија своето семејство. Двојката објави дека добила машко бебе, кое е нивно второ дете.

Благословени сме и возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден. Тој е неверојатен и сите сме среќни што е тука“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Актерката и гитаристот на рок групата „Гуд Шарлот“ се венчаа во 2015, а родители станаа во јануари 2020, кога им се роди ќерката Радикс.

(Фото: Гети)