АКТЕРКАТА КРИСТИНА РИЧИ ПОБАРА РАЗВОД ОТКАКО ФИЗИЧКИ БИЛА НАПАДНАТА ОД СОПРУГОТ

Лос Анџелес, (АП)

Актерката Кристина Ричи поднесе барање за развод од сопругот Џејмс Хирдеген и побара целосно старателство врз нивниот син.

Ова следува само една недела откако полицијата реагирала во нивниот дом во Лос Анџелес по пријава за домашно насилство. Полицијата тогаш не го откри идентитетот на вмешаните страни, но друг извор потврди дека 40-годишната Ричи била физички нападната.

Ричи и Хирдеген се запознале во 2011 на снимањето на една серија, а се венчаа две години подоцна. Во документите за развод Ричи навела дека бара полно старателство врз петгодишниот син Фреди.