Алек Болдвин и сопругата Хиларија го добија шестото дете, овојпат преку сурогат мајка.
„Вљубени сме во нашата ќеркичка Лусија. Како и твоите браќа и сестра, и ти си остварување на сон“, напиша Хиларија Болдвин на Инстаграм.
Најновата принова во семејството Болдвин пристигна неполни шест месеци откако го доби синот Едуардо и извор близок до двојката потврди дека Лусија е родена преку сурогат мајка.
Холивудскиот актер и Хиларија се во брак од 2012 година и нивното семејство сега брои две ќерки и четворица синови.