Моли Сидел испиша историја откако се квалификуваше за Олимписките игри во Токио по првата маратонска трка во својот живот.
Дваесет и петгодишната Сидел заврши како втора на олимписките квалификации во Атланта, со што влезе во маратонскиот тим на САД кој ќе настапи ова лето во Токио.
„Ова дефинитивно не го очекував. Мојот олимписки сон се оствари. Не можам да опишам колку сум среќна, благодарна и шокирана“, изјави Сидел.
Сидел е најтрофејната средношколска тркачка во историјата на Висконсин, но нејзината кариера беше попречена од серија повреди и проблемот со пореметување на исхраната, а се бореше и со депресија и опсесивно-компулсивно нарушување.
За да може да си ги плати сметките, таа работела во кафулиња и како бејбиситерка, а на својата прва маратонска трка била само седум секунди побавна од победничката Алифин Тулјамук.