АМЕРИКАНКАТА ГИРМА СТАНА НАЈСКАПАТА ФУДБАЛЕРКА ВО ИСТОРИЈАТА СО ТРАНСФЕРОТ ВО ЧЕЛЗИ ОД 1,1 МИЛИОН ДОЛАРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Американската репрезентативка Наоми Гирма стана најскапата фудбалерка во историјата откако премина во Челзи во трансфер вреден 1,1 милион долари (900.000 фунти). Дваесет и четиригодишната Гирма пристигна од американскиот клуб Сан Диего и потпиша договор до летото 2029.

Таа го собори рекордот на Рејџел Кундананџи, за која американскиот тим Беј плати 850.000 долари минатиот февруари.

Гирма игра во одбраната и во 2023 беше прогласена за најдобра американска фудбалерка. Беше дел од тимот на САД кој лани освои злато на Олимписките игри во Париз.

Најскапиот трансфер во машкиот фудбал останува оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ, кој во 2017 плати 222 милиони евра за Бразилецот.

(Фото: АП)