ФУДБАЛЕРКИТЕ НА САД ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ СЕЛЕКТОР ОТКАКО ВЛАТКО АНДОНОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Вашингтон, (Ројтерс)

Влатко Андоновски поднесе оставка од функцијата селектор на женската фудбалска репрезентација на САД по раната елиминација од Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд. Американките ја бркаа третата титула по ред, но тоа заврши во осминафиналето, кога изгубија од Шведска. САД никогаш не беа пласирани полошо од третото место на светските првенства.

Македонскиот стручњак се соочи со огромни очекувања кога ја презеде клупата од Џил Елис пред четири години, имајќи предвид дека САД тогаш беа актуелен двократен светски првак. Под негово водство, САД освоија бронза на Олимписките игри во Токио, што исто така беше оценето како разочарување.

Роден во Скопје, Андоновски (46) имаше необичен фудбалски пат: од домашното првенство, каде што настапуваше за Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, замина во САД во 2000 за да игра футсал и никогаш не се врати. По завршувањето на играчката кариера во 2006, се префрли во тренери, и тоа во женски фудбал.

Андоновски работеше со регионални младински женски екипи пред да стане тренер на Канзас Сити, со кој освои титула во 2014 и 2015. Тој дојде на клупата на САД откако беше прогласен за најдобар тренер во лигата.

(Фото: Гети)