Некогашната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ го роди третото дете во бракот со Бастијан Швајнштајгер и тоа повторно машко. Тие не го објавија името на бебето.
Тие се венчаа во Венеција во 2016, а истата година Ивановиќ ја заврши тениската кариера, во која го освои Ролан Гарос и беше на првото место на ВТА-листата.
Ивановиќ и бившиот германски фудбалски репрезентативец ги добија синовите Лука и Леон во 2018, односно 2019, кога од Чикаго се преселија во Австрија.
(Фото: АФП)