БИВШИОТ СУПЕРМЕН ХЕНРИ КАВИЛ ЌЕ СТАНЕ ТАТКО

Њујорк, (Пипл)

Британскиот актер Хенри Кавил, кој се прослави како Супермен и Џералт де Ривија во серијата „Вештерот“, ќе стане татко. Тој објави дека чека дете со својата девојка Натали Вискузо.

„Многу сме возбудени“, кажа 40-годишниот Кавил, кој ја откри убавата вест на премиерата на новиот филм на Гај Ричи „The Ministry of Ungentlemanly Warfare“ во Њујорк.

Кавил и Вискузо се во врска од 2021, кога го потврдија тоа на Инстаграм.