БРИТНИ СПИРС НЕ УСПЕА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КОНТРОЛАТА НА ТАТКО Ѝ И КАЖА ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА НАСТАПУВА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Бритни Спирс е уплашена од татко ѝ и нема да ја продолжи музичката кариера сѐ додека тој има контрола врз неа, изјави нејзиниот адвокат.

Ова уследи откако суд во Лос Анџелес го одби барањето на Џејми Спирс да му се одземе улогата на заштитник на нејзиниот имот, за што беше назначен пред 12 години поради грижите за менталното здравје на поп ѕвездата.

„Мојот клиент ме информираше дека е уплашена од татко ѝ и дека нема да настапува сѐ додека тој ја контролира“, изјави адвокатот Семјуел Д. Ингам.

На сослушувањето, Ингам кажа дека Спирс и татко ѝ не се способни да работат заедно и немаат зборувано долго време. Адвокатката на Џејми Спирс кажа дека тој одлично си ја врши работата и дека успеал да ги подобри финансиите на ќерка му, чии бизнис операции сега вредат 60 милиони долари.

Џејми Спирс стана заштитник на Бритни во 2008 година, во периодот кога таа имаше нарушено ментално здравје и често предизвикуваше скандали во јавност.