ДАНИЕЛ КРЕГ ВЛЕЗЕ ВО ЦИА

Ленгли, (Гардијан)

Британскиот актер Даниел Крег го посети седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија, како дел од нејзина кампања за поголема соработка со јавноста и да ѝ објасни како всушност изгледа разузнавачката работа во реалниот свет.

Крег во моментов се подготвува да го снима 25. филм за Џејмс Бонд, што ќе биде негово петто и најверојатно последно појавување во улогата на тајниот агент од МИ6.

„Г-дин Крег се сретна со нашите раководство и работна сила, кои му објаснија дека вистинската шпионажа подразбира многу повеќе невидливост, отколку борба, како што е прикажано во светот на забавата. Тој забележа дека имаме исклучително моќна тимска работа и додаде дека е импресиониран од посветеноста и пожртвуваноста на офицерите на ЦИА”, стои во соопштението на ЦИА.

Снимањето на 25. филм за Џејмс Бонд треба да започне во декември. Дени Бојл ќе биде режисер и го пишува сценариото заедно со Џон Хоџ. Премиерата ќе биде на 25 октомври 2019 во Велика Британија и на 8 ноември во САД.