Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите откако призна дека добил вонбрачна ќерка. Во објава на Инстаграм, 55-годишниот Грол кажа дека планира да биде добар и грижлив родител на неговото ново дете.
Тој има три ќерки со сопругата Џордин Блам, со која е во брак од 2003. Тие се на возраст од 18, 15 и десет години.
„Неодамна станав татко на девојче родено надвор од мојот брак и планирам да му бидам добар родител. Го сакам моето семејство и правам сѐ што можам за да ја повратам неговата доверба и да заслужам простување од него“, кажа Грол.
Тој не откри која е мајката на бебето.
Грол претходно три години беше во брак со фотографката Џенифер Ли Јангблад, од која се разведе во 1997 откако призна дека бил неверен.
(Фото: Гети)