Валентино Роси викендов ја завршува својата величествена 25-годишна мотоциклистичка кариера, во текот на која освои девет шампионски титули, од кои седум во премиерната класа и се здоби со статус на глобална икона на спортот. Тој е единствениот возач кој настапил на повеќе од 400 гран при трки, од кои победил на 115 и цела кариера возеше со бројот 46.
Иако в недела во Валенсија ја вози последната мотоциклистичка трка, 42-годишниот Роси не се пензионира целосно, туку планира да се префрли во некоја тркачка серија на четири тркала.
„Малку сум разочаран што се повлекувам, но ќе продолжам да бидам тркач. Ќе возам болид следната сезона, ќе останам на патеките, инаку ќе ми биде досадно“, кажа Роси.
ЗА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ДЕДО МРАЗ ДОЈДЕ СО ВОЗ“, ШТО ЌЕ СЕ ИГРА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ, СЕ РЕСТАВРИРАНИ ЛОКОМОТИВА ОД 1942 И ВАГОН ОД 1950-ТИТЕ