ФЕСТИВАЛОТ „ОХРИД ФЕСТ“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО АВГУСТ ВО ДВЕ ВЕЧЕРИ, ФОЛК И ИНТРЕНАЦИОНАЛНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичкиот фестивал „Охрид-фест –Охридски трубадури“ годинава ќе се одржува во две вечери, на 30 и на 31 август на сцената на Долни сарај во Охрид. Фестивалот се одржува по 31. пат и распиша конкурс за нови песни за фолк вечерта на 30 август и за интернационалната вечер на 31 август.

„Ова е шанса за промоција на дебитантите, бидејќи фестивалот го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот. На истата сцена во 1998, Тоше Проески ја испеа ‘Усни на усни’ и ја започна музичката кариера“, велат од „Охрид фест“, чиј директор е композиторот Григор Копров.

Демо-снимката и текстот треба да се на македонски јазик, а услов е песните да не се изведувани и да се испратат со снимени инструменти, пијано и гитара, до 1 јуни на [email protected].

 

Фото: Директорот на фестивалот Григор Копров со хрватскиот пејач Дадо Топиќ на „Охрид фест“ лани