Идната прва дама на САД Меланија Трамп ќе биде во фокусот на нов документарен филм на „Амазон прајм“, што треба да излезе подоцна оваа година. Стриминг платформата не објави детали за проектот, туку само кажа дека ќе „сподели вистински уникатна приказна“.
Трамп е извршна продуцентка на документарецот, што кажува дека има уредувачка контрола врз него.
Филмот почнал да се снима минатиот месец и прво ќе биде објавен во кината, а на „Амазон прајм“ ќе дојде во втората половина на годината.
„Ќе објавиме повеќе детали за проектот со тек на времето. Возбудени сме што можеме да ја споделиме оваа уникатна приказна со нашите милиони корисници низ светот“, објави „Амазон“.
Филмот го режира Брет Ратнер, кој во 2017 беше обвинет за сексуално вознемирување од неколку жени, меѓу кои и актерката Оливија Мун.
Меланија Трамп ретко се појавуваше во јавност откако нејзиниот сопруг ја напушти Белата куќа во 2021 и некои американски медиуми објавија дека таа нема да се врати да живее таму.
(Фото: АП)