Поп ѕвездата и актерка Аријана Гранде ќе глуми во новиот, четврти дел од филмот „Запознај ги родителите“. Според „Дедлајн“, филмот се очекува да излезе на 25 ноември 2026 година.
Режисер е Џон Хамбург, а игра истата екипа од претходните три филмови: Роберт де Ниро, Бен Стилер, Тери Поло и Блајт Данер.
Хамбург, кој беше ко-сценарист на претходните три филмови, сега пак го пишува сценариото. Сѐ уште не се познати детали за сценариото, нити пак за улогата на Гранде. Таа годинава беше номинирана за Оскар за споредна женска улога за „Злобница“.
Првиот филм „Запознај ги родителите“ заработи над 330 милиони долари во светските киносали во 2000.
Продолженијата „Запознај ги Фокерови“ (2004) и „Малите Фокерови“ (2010) исто така заработија многу пари низ светот. Вкупно, франшизаа има заработено над 1.13 милијарди долари низ светот.
(Фото: Гети)