АРОН ТЕЈЛОР-ЏОНСОН Е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД, ОБЈАВИЈА БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ

Лондон, (Скај)

Англискиот актер Арон Тејлор-Џонсон е избран за следниот Џејмс Бонд, објавија повеќе британски медиуми.

Триесет и тригодишниот глумец, најпознат по улогите во филмовите „Фајтер“ (Kick-Ass), „Одмаздници“ и „Ноќни суштества“, ја добил понудата од продукцијата, која очекувала потврден одговор од него. „Еон продакшнс“ работи на сценариото и се подготвува за снимањето на новиот филм за тајниот агент 007.

„Што се однесува до ‘Еон’, Арон ќе го потпише договорот во наредните денови и ќе можат да се подготвуваат за големата објава. Тој е неверојатно талентиран актер“, изјави извор за „Сан“.

Списанието „Нумеро“ минатата недела го праша Тејлор-Џонсон за гласините кои го поврзуваат со улогата, а тој одговори:

„Сметам дека е шармантно и прекрасно што луѓето ме гледаат во таа улога. Го сфаќам како голем комплимент“.

Тејлор-Џонсон доби Златен глобус за филмот „Ноќни суштества“ на Том Форд. Женет е со 57-годишната Саманта Тејлор-Џонсон, режисерката на филмот „Педесет нијанси сиво“.