„АВАТАР“ ГО ПОВРАТИ СТАТУСОТ НА ФИЛМ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО ИСТОРИЈАТА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Аватар“ го поврати статусот на филм со најголема заработувачка во историјата откако повторно беше објавен во Кина.

Научно-фантастичната акција на Џејмс Камерон излезе во 2009 и цела деценија беше крал на киноблагајните, пред да биде надминат од „Одмаздници: Завршница“ во 2019. Откако повторно беше објавен на најголемиот кинопазар на светот, „Аватар“ овој викенд ја надмина заработката од 2,8 милијарди долари.

Камерон моментално работи на четири продолженија на „Аватар“, чие излегување беше поместувано неколку пати уште пред пандемијата. Според последните најави, следниот филм треба да има премиера во декември 2022.

Пред повторното прикажување во Кина, „Аватар“ имаше заработено 760 милиони долари во САД и две милијарди во остатокот од светот.