БЈЕЛОГРЛИЌ РАБОТИ НА ФИЛМ ЗА АЛЕН ДЕЛОН И „АФЕРАТА МАРКОВИЌ“

Белград, (Н1)

Драган Бјелогрлиќ откри дека работи на нов филм за афера од крајот на 1960-тите која ја стресе француската јавност. Тој кажа дека веќе неколку месеци пишува сценарио за филм за неодамна починатата филмска икона Ален Делон и за неговиот однос со Стевица Марковиќ, неговиот бивш телохранител кој беше убиен во мистериозни околности во 1968 година. Овој случај никогаш не е решен.

Тоа е една многу деликатна и контроверзна тема, афера која отишла до самиот врв на политичкиот живот во Франција, дури и до семејството на Жорж Помпиду, кој потоа стана претседател. Тука има работи кои до денес останаа нејасни и неразјаснети. Овој филм ќе открие една страница од историјата за која не знаеме многу“, кажа Бјелогрлиќ.

За Марковиќ, кој бил роден во Белград, се зборело дека бил во врска со бившата сопруга на Делон, Натали и дека поседувал фотографии кои биле компромитирачки за тогашната француска елита. Тој имаше 31 година кога беше пронајден мртов во вреќа на депонија, со куршум во главата.

Делон беше испрашуван од полицијата, која не го доведе во врска со ова убиство, но „аферата Марковиќ“ се претвори во национален скандал. За убиството беше обвинет, а потоа и ослободен Франсоа Меркантони, пријател на Делон и познат лик во француското подземје.

Фото: СМАРТ СДК.МК