Режисерот Рајан Куглер објави дека продолжението на „Блек Пантер“ доаѓа дури во 2022 година. На конвенцијата на „Дизни“, „Д23“, во Анахајм, Калифорнија, беше потврдено дека филмот ќе има светска премиера на 6 мај 2022.
„Не е дека одолжуваме, едноставно сакаме да го направиме како треба“, изјави Куглер.
„Блек Пантер 2“ е најдалеку најавениот филм на „Марвел“ и тој следува по „Тор: љубов и грмотевица“, што излегува на 5 ноември 2021. Други најавени филмови од таканаречената четврта фаза на „Марвел“ се „Блек Видоу“ (1 мај 2020), „Вечните“ (6 ноември 2020), „Шанг-Чи и легендата за десетте прстени“ (12 февруари 2021) и „Доктор Стрејнџ во мултиверзумот на лудило“ (7 мај 2021).
„Блек Пантер“, со Чедвик Боузмен во насловната улога, беше еден од најголемите хитови за минатата година и покрај тоа што заработи 1,3 милијарди долари на светски план, тој освои и три оскари и беше номиниран за најдобар филм.