Актерот, режисер и музичар Бредли Купер е во план да го игра Бери Гиб во претстојниот биографски филм за диско поп групата „Би џис“.
Купер, кој моментално го подготвува биографскиот филм за славниот композитор Леонард Бернштајн, добил понуда да го глуми највозрасниот од браќата Гиб. Филмот го прави продуцентот на „Боемска рапсодија“ и „Рокетмен“ Грем Кинг, а холивудските медиуми пренесуваат дека и Стивен Спилберг е меѓу продуцентите. Ентони Мекартен („Боемска рапсодија“) го пишува сценариото.
Бери Гиб е единствениот жив член на бендот, кој го формирал со браќата Морис и Робин. Нивниот албум од 1977 година „Треска во сабота навечер“ сѐ уште е најпродаваниот саундтрак на сите времиња.
Режисерското деби на Купер „Ѕвезда е родена“ лани имаше осум номинации за оскар.