ДЕЈВ ФРАНКО ЌЕ ГО ИГРА ВАНИЛА АЈС ВО НОВ БИОГРАФСКИ ФИЛМ

Лос Анџелес, (НМЕ)

Дејв Франко потврди дека ќе го глуми Ванила Ајс во нов биографски филм.

Насловен „To the Extreme“, филмот првпат беше најавен во јануари 2019, но продукцијата досега не беше почната. Триесет и петгодишниот Франко сега кажа дека филмот ќе го има тонот сличен на „Катастрофалниот уметник“, што го режираше неговиот брат Џејмс Франко.

Со ‘Катастрофалниот уметник‘ луѓето мислеа дека го исмеваме Томи Визо, но колку пореално го доловивме, толку филмот беше посмешен и посрдечен. Тоа сакаме да го постигнеме и со овој филм“, изјави Франко.

Филмот за Ванила Ајс е насловен според неговиот втор албум од 1990 година, на кој се наоѓа и хитот „Ајс Ајс бејби“.