СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ СЕ ОЖЕНИ, А НАСКОРО ДОАЃА И БЕБЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Капитенот на европскиот првак Вардар и еден од најомилените македонски ракометари Стојанче Стоилов се ожени со својата девојка Деница, а нови убави вести треба да следуваат наскоро.

Нивното новоформирано семејство ќе биде и проширено оваа година, откако Стоилов зимоска објави дека чекаат бебе. Поради актуелната ситуација со коронавирусот, Стоилов и Деница ја одбележале венчавката само во друштвото на најблиските.

Стоилов наесен го чека почетокот на нова ера на Вардар, откако клубот повторно го презеде некогашниот долгогодишен спонзор и претседател Михајло Михајловски, а и во играчкиот кадар има големи промени.