ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ПО 20 ГОДИНИ СЕ ВРАТИ ВО „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ И НЕ Ѝ СЕ ДОПАЃА СÈ ШТО СНИМИЛА

Лондон, (Би-Би-Си)

Џејми Ли Кертис по 20 години се враќа во франшизата „Ноќ на вештерките“ и е многу критична за некои од филмовите што ги има снимено.

Најновиот „Ноќ на вештерките“, кој се смета за директно продолжение на оригиналот од 1978 година, е 11. филм во еден од најпознатите хорор серијали и Кертис по седми пат се појавува во улогата на Лори Строд.

„Не сум била во еден од овие филмови 20 години. Глумам во овој само поради она што го напишал режисерот Дејвид Гордон Грин“, вели 60-годишната Кертис.

Освен Кертис, во франшизата се враќа и нејзиниот креатор Џон Карпентер, сега како композитор и извршен продуцент.

„Јас имам снимено неколку лоши филмови, Карпентер беше тој кој на крајот ги одобруваше. ‘Ноќ на вештерките 2‘ не беше така добар, ‘Воскреснување‘ беше срање, ‘Х20‘ беше во ред, но сите тие беа одоборени од Карпентер“, самокритична е Кертис.

Новиот филм доби мешани критики и многумина се прашуваат дали може да понуди нешто ново.

Гајле ми е. Мојата цел беше да се појавам со мојот интегритет и да ја кажам вистината за тоа што се случило со Лори“.

Ноќ на вештерките“ од утре игра и во киното Синеплекс.