Десет години по премиерата на „Аватар“, режисерот Џејмс Камерон конечно навести како ќе изгледа светот на Пандора во следните продолженија.

Во ноември, продукцијата на Твитер објави нацрт-верзија за филмот, но новите фотографии од световите и ликовите даваат прв вистински увид во тоа што може да очекува публиката.

Коментарите на социјалните мрежи се измешани. Едни не веруваат дека продолженијата навистина ќе излезат, други се возбудени околу новата Пандора, а трети коментираат дека Камерон потрошил една деценија на нешто што наликува на видеоигра.

Долгоочекуваното продолжение на „Аватар“ повторно е поместено и според последните најави, треба да излезе на 17 декември 2021. Тој оригинално беше најавен за 2014, па беше одложуван за 2017 и 2020. По него ќе дојдат уште три филма, последниот во 2027 година. Моментално се снимаат вториот и третиот дел.