Џејмс Ган, сепак, ќе го режира „Чувари на галаксијата 3“, откако „Дизни“ претходно го отпушти поради стари, навредливи твитови.
Ова доаѓа откако не само фановите, туку и самите актери од филмот потпишаа петиција за негово враќање.
„Возбуден сум што ќе можам да продолжам да снимам филмови кои ги истражуваат љубовните врски, што сите нѐ спојуваат“, изјави Ган.
Тој беше отпуштен од франшизата во јули, бидејќи „Дизни“ ги опиша неговите стари ставови како „неодбранливи“, по што на негова страна застанаа и најголемите ѕвезди од првите два дела, Бредли Купер, Крис Прат, Вин Дизел, Зои Салдана и Марк Баутиста. Пред да биде отпуштен, Ган веќе го имаше напишано сценариото за третиот дел, чија продукција ќе почне откако тој ќе го комплетира „Одредот на одмаздници 2“.
„Чувари на галаксијата“ заработи вкупно 1,6 милијарди долари, при што вториот дел оствари подобар приход од првиот.