„ДИЗНИ“ ЌЕ СНИМА НОВ АНИМИРАН ФИЛМ ПО „ЅВОНАРОТ НА БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА“

Лос Анџелес, (Индипендент)

„Дизни“ објави дека ќе снима нова анимирана верзија од филмот „Ѕвонарот на Богородичната црква“. Мјузиклот насловен „Ѕвонарот“ ќе земе голем дел од содржината од анимираниот филм од 1996 година, но ќе има и дополнителен материјал од истоимениот роман на Виктор Иго.

Оскаровците Алан Менкен и Стивен Шварц повторно ќе ја работат музиката.

Според „Дедлајн“, драматургот Дејвид Хенри Хванг ќе го пишува сценариото. Актерот Џош Гад, кој глумеше во „Убавицата и ѕверот“ и го позајми гласот на Олаф во „Ледено кралство“, ќе биде продуцент, а се шпекулира дека ќе се појави во насловната улога.

„Ѕвонарот“ се приклучува на долгата листа нови верзии на анимирани филмови на „Дизни“, по „Пепелашка“, „Книга на џунглата“, „Убавицата и ѕверот“, „Дамбо“, „Аладин“, „Мулан“, „Пинокио“, „Кралот лав“ и „Малата сирена“.