ДОКУМЕНТАРЕЦОТ НА ПИТЕР ЏЕКСОН ЗА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗАКАЖА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ЗА 16 ОКТОМВРИ

Лондон, (Дејли мејл)

Питер Џексон објави дека неговиот документарец за Првата светска војна ќе има премиера на Лондонскиот филмски фестивал на 16 октомври.

Насловен „Тие нема да остарат“, филмот е направен со користење на оригинални снимки од архивата на Музејот на империјалните војни во Лондон и на аудиоснимки од архивата на Би-Би-Си. Тие се обновени во висока резолуција и рачно обоени, со што ќе се долови реалноста на првите борбени линии.

Оригиналните снимки се обновени во висока резолуција и рачно обоени

Комбинирајќи ги личната фасцинација со овој историски период и своите режисерски вештини, Џексон ќе ни ја долови Првата светска војна на еден сосема нов начин.

„Сакав да посегнам низ маглата на времето и да ги донесам тие луѓе во модерното доба, за да им се поврати човечноста, место да изгледаат како фигури од старите филмови на Чарли Чаплин. Со користење на компјутерските моќи за да се надминат техничките ограничувања на снимањето пред 100 години, ние можеме да ја видиме и чуеме големата војна на начин на кој тие луѓе ја искусиле“, вели прославениот новозеландски режисер.