Ен Хатавеј и Зендаја се придружуваат на новиот филм на Кристофер Нолан, за кој засега малку се знае.
Нолан го напишал сценариото и ќе го режира филмот, кој веќе има датум на премиерата – 17 јули 2026, како што претходно објави студиото „Јуниверзал“. Деталите од дејството се држат во тајност, но извори од продукцијата кажаа дека филмот нема да се случува во сегашно време.
Сајтот „Дедлајн“ објави дека Хатавеј и Зендаја се новите членови на актерската екипа, покрај Мет Дејмон и Том Холанд. Се очекува снимањето да почне следната година.
„Сѐ што можам да кажам е дека сум неверојатно возбуден и почестен. Ништо друго не знам за филмот“, кажа Холанд.
Ова ќе биде трета соработка на Хатавеј и Нолан, по „Подемот на Мрачниот витез“ и „Меѓуѕвезден“.
(Фото: Гети)