ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТОК ФИЛМ „ДРИМ ШОРТ“ ОД ВЕЧЕРВА ВО СТРУГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Фестивалот ќе трае до 10 август на повеќе локации во Струга.

Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и на страницата www.dsff.mk. Влезот за сите настани е бесплатен.

По церемонијата на отворањето на фестивалот, проекции на филмовите почнуваат во 20:30 часот. Во овогодишното жири се актерите Јелена Јованова и Никола Ристановски, режисерот Гвидо Казале и Бранко Ристовски, монтажер и продуцент.