Вин Дизел беше најисплатливата филмска ѕвезда во 2017 година, објави магазинот „Форбс“.
Тој заврши на првото место најмногу благодарение на уште едно успешно продолжение од франшизата „Брзи и бесни“, кое заработи 1,2 милијарди долари на светските кино-благајни.
Севкупно гледано, филмовите на Дизел оваа година оствариле заработка од 1,6 милијарди.
Овој филм го искачи Двејн Џонсон на второто место. Тој има главна улога и во филмската верзија на „Чувари на плажата“ и во вториот дел на „Џуманџи“ и неговите филмови оствариле добивка од 1,5 милијарди долари.
Ѕвездата на „Чудесна Жена“, Гал Гадот, се најде на третото место, со филмови кои заработиле 1,4 милијарди.
На минатогодишната листа првото место го држеше Скарлет Јохансон (1,2 милијарди), пред нејзините колеги од „Капетан Америка: граѓанска војна“, Крис Еванс и Роберт Дауни Џуниор, но нив годинава ги нема во топ-10.
ЛИСТАТА ЗА 2017
- Вин Дизел – 1.6 милијарди долари
- Двејн Џонсон – 1,5
- Гал Гадот – 1,4
- Ема Вотсон – 1,3
- Џони Деп – 1,1
- Дејзи Ридли – 1,08
- Том Холанд – 888 милиони
- Крис Прат – 864
- Крис Хемсворт – 845
- Џон Бојега – 815