Оскаровецот Хоакин Феникс и неговата свршеница Руни Мара повторно ќе глумат заедно, во новиот проект на полскиот режисер Павел Павликовски. Работниот наслов на филмот е „Островот“ (The Island) и тоа ќе биде четвртата соработка на Феникс и Мара.
Феникс наскоро почнува со снимањето на вториот дел на „Џокер“, а „Островот“ би се снимал во 2023.
Според „Дедлајн“, станува збор за драма-трилер за американска двојка разочарана од општеството во 1930-ите. Сценариото на Павликовски е инспирирано од вистински настани.
Претходниот филм на Павликовсии, „Студена војна“, доби три номинации за Оскар и славеше во пет категории на Европските филмски награди.