ИМАВ КАРИЕРА ОД БАЈКИТЕ – ЏУЛИ ЕНДРЈУС ДОБИ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Венеција, (АФП)

Англиската актерка Џули Ендрјус доби Златен лав за животно дело на 76. Венециски филмски фестивал. Осумдесет и тригодишната глумица, позната по класици како „Мери Попинс“ и „Моите песни, мои соништа“, бакнувајќи го Златниот лав рече дека се чувствува благословена што имала кариера од бајките.

„Сѐ уште се чудам колку бев среќна девојка што имав можност да играм прекрасни улоги“, додаде таа.

Ендрјус во 1965 доби Оскар за „Мери Попинс“, а следната година повторно беше номинирана за најдобра актерка за гувернантата Марија фон Трап во „Моите песни, мои соништа“.

Откако ја прими титулата дама од британската кралица Елизабета Втора, Ендрјус се врати на филмското платно во 2001 во „Дневниците на принцезата“. Изминативе години се доближи до помладите генерации откако го позајми гласот во „Шрек“ и „Подлиот јас“.