ЈУЛИ Е МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонски филмови од разни временски периоди ќе можат да се гледаат во Кинотеката следниот месец. Посветувајќи го јули на македонската кинематографија, на летната сцена „Мирно лето“ ќе има проекции на 11 филмови, почнувајќи со „Волчја ноќ“ на Франце Штиглиц на 5 јули.

На програмата потоа се „Црно семе“ на Кирил Ценевски на 6 јули, „Жед“ на Димитрие Османли на 9 јули, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо на 10 јули, „Ругање со Христа“ на Јани Бојаџи на 18 јули, „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на 19 јули, „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски на 23 јули, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески на 24 јули (фото), омнибусот „Скопје Ремикс“ на 25 јули, „Македониум: Драматургија на незавршеното“ на Теона Стругар Митевска на 29 јули и „Медена ноќ“ на Иво Трајков на 31 јули.

Покрај тоа, на 26 јули ќе се прикажат кратките филмови „Школите и универзитетот во скопската катастрофа“ (17 минути), „Писмо од Скопје“ (16 мин.), „Проштевање“ (7 мин), „Скопје, 26.7.1963“ (15 мин.) и „Катастрофа, страдања, надежи“ (16 мин.).

Сите проекции почнуваат во 20:30 часот, а цената на билетот е 150 денари.