Шајлин Вудли ќе ја игра главната улога во биографски филм за легендарната рок пејачка Џенис Џоплин. Досега имаше повеќе обиди да се сними филм за животот на Џоплин, но неуспешно.
Вудли ќе биде и продуцентка на филмот, што ќе се снима за период од 30 дена. Филмот е поддржан од Филмската комисија на Калифорнија со 2,5 милиони долари.
„Калифорнија ѝ значела толку многу на Џенис Џоплин. Оваа држава била сцена на која таа го истражувала не само светот на музиката, туку и светот на нејзината живописна човечност“, кажа Вудли.
Засега не е познато кога ќе почне снимањето, ни кога би била премиерата.
Триесет и двегодишната Вудли се прослави во филмскиот серијал „Различна“ и во серијата „Големи мали лаги“.
(Фото: Гети)