КРИС ЕВАНС ВЕЌЕ НЕМА ДА ГО ИГРА КАПЕТАН АМЕРИКА

Њујорк, (АП)

Крис Еванс, актерот кој го игра Капетан Америка, изјави за „Њујорк тајмс“ дека не планира да се врати во оваа франшиза на „Марвел“, откако ќе го сними четвртиот филм од серијалот „Одмаздници“ при крајот на годината.

„Понекогаш е добро да се симнеш сам од возот, пред да те исфрлат“, изјави тој.

Филмот сѐ уште нема конкретен наслов и се очекува да биде готов во 2019 година.

Еванс дебитираше во оваа улога во 2011 година во филмот „Капетан Америка: Првиот одмаздник” и потоа ја повтори уште седум пати.

Актерот периодов се подготвува за деби на Бродвеј како полициски службеник во „Херојот Лоби“, чија премиера е закажана за 26 март.