Леа Сејду, Реиф Фајнс, Бен Вишо и Наоми Харис повторно ќе бидат дел од Џејмс Бонд екипата, потврди режисерот на 25. филм од франшизата, Кери Фукунага.
„Оваа франшиза ги има некои од најдобрите актери на светот. Зошто не би го имал најдобриот камбек“, изјави Фукунага.
Француската актерка Сејду беше последната Бонд девојка, во „Спектра“ од 2015 година и сега ќе ја репризира улогата на психологот Медлин Свон, а останатите имиња играат во претходните неколку Бонд филмови. Веќе е познато дека Даниел Крег за петти и последен пат ќе го игра британскиот таен агент, но продуцентите засега немаат објавено кој актер ќе го игра главниот негативец.
Новиот филм ќе почне да се снима на 4 март 2019 во Лондон, а премиерата е најавена за 14 февруари 2020 година.