„МАЧКИ“ СЕ ОТКАЖА ОД ТРКАТА ЗА ОСКАРИ ПО СРАМНО ЛОШИТЕ КРИТИКИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Долгоочекуваниот мјузикл „Мачки“, кој има ѕвездена актерска постава, нема да влезе во трката за оскари откако филмското студио „Јуниверзал“ го симна од својата платформа на филмови кои би се квалификувале за награди. Според „Вараети“, „Мачки“ не се прикажува ниту на стриминг-платформата на Академијата за филмска уметност и наука, каде што членовите ги гледаат филмовите кои се кандидираат за Оскар.

Филмската адаптација на мјузиклот на Ендрју Лојд Вебер помина многу лошо кај критичарите, кои го нарекоа „луд музички експеримент кој тргнал во погрешна насока“ и „филм што со години ќе ги прогонува гледачите“.

Режисер е оскаровецот Том Хупер, а играат Џуди Денч, Ијан Мекелен, Идрис Елба, Тејлор Свифт, Џејмс Корден и Ребел Вилсон.

Филмот имаше дебакл и во киносалите. Снимен за 100 милиони долари, во првите шест дена заработи само 15,3 милиони.