МАЈКЛ КИТОН ПО 30 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА ВО УЛОГАТА НА БЕТМЕН

Лос Анџелес, (Гардијан)

Мајкл Китон е во преговори за враќање во улогата на Бетмен.

Холивудските медиуми објавија дека Китон би требало да се појави како Бетмен во самостојниот филм за Флеш, уште еден популарен суперхерој од универзумот на „Ди-Си комикс“. „Флеш“ со Езра Милер во насловната улога ќе излезе во 2022 година и засега не е познато колкаво појавување би имал Китон. Филмот ќе го режира Енди Мускјети, кој се прослави со хит хоророт „Тоа“.

Китон за последен пат го играше Бетмен/Брус Вејн во „Враќањето на Бетмен“ од 1992 година, по што беше заменет со Вал Килмер.

Новиот Бетмен официјално е Роберт Патинсон, кој ќе дебитира во оваа улога следната година.