Американскиот актер и продуцент Марк Валберг, познат како Марки Марк од рап бендот „Марки Марк енд д Фанки Банч“, вели дека се надева оти господ ќе му прости за неговата улога на порно ѕвезда во филмот „Ноќи исполнети со буги“ од 1997.
Валберг, пред настанот со кардиналот Карлајл Блас Kупич за „Чикаго Трибјун“ изјавил дека се надева оти „господ е фан на филмови и дека простува“ бидејќи направил „неколку лоши избори“ во минатото. Валберг го спомнал „Ноќи исполнети со буги“, кога бил прашан дали се моли за прошка за некој од неговите филмови. „Ноќи исполнети со буги“ ја следи кариерата на ликот Дирк Диглер, кого го игра Валберг, во порно индустријата во периодот од 1970 до 1980.
Валберг често зборува за неговата католичка вера, а беше домаќин на настанот во чест на папата Фрањо за време на неговата посета на САД во 2015. Валберг, шегувајќи се, на настанот побара прошка од папата за филмот „Тед“ .